Македонија гореше во последните неколку денови, особено во источните делови, меѓутоа последиците можеа да бидат далеку полоши доколку на помош не дојдоа пожарникари од странство.
Тука беа австриските пожарникари, од Словенија, потоа хеликоптерите од Србија, а стигна помош и од Бугарија и од Романија.
Австриските пожарникари денеска ги сменија уморните 96 пожарникари, и испратија нови 114, кои во идните денови ќе дејствуваат на истокот, или онаму каде што има потреба.
Австриската противпожарна служба објави фотографии од операцијата во Македонија. Навистина станува збор за една служба која е максимално подготвена и со персонал, и со возила, и со техника. Одлична координација, одлична стратегија и на крајот сето тоа придонесе да се спасат цели села, а дел од нив беа во критична состојба.
Затоа малку е да ви кажеме БЛАГОДАРИМЕ! За се што сторивте за нашата земја, и за тоа што се борите со огнената стихија која се закануваше на неколку населени места.
Еве како низ неколку фотографии изгледа еден ден „операција“ на австриските пожарникари низ Малешевијата.














