Попладнево во Министерството за внатрешни работи пријавено е нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи.
Според информации на ТВ21, две групи првично вербално, а потоа и физички се пресметале. Едно лице со иницијали У.Д на возраст од 17 години е прободено со нож, и итно е префрлено на скопските клиники. Нема информации за состојбата на повреденото лице.
