Манчевски: Немаме непознати жаришта, дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во гостување на ТВ24 истакна дека дел од новозаразените лица со коронавирус потекнуваат од литијата во Струга, како и од ифтарските вечери.

„Зголемувањето на бројот на заразени е секаде на светско ниво. Нашите здравствените власти ги знаат точно кластерите на заразени од каде потекнуваат овие броеви на новозаразени , од тој аспект немаме непознати жаришта. Дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, коишто се случуваат последните неколку недели. Доколку сакаме да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми личната одговорост кај секој од нас“, посочи Манчевски.