Маричиќ: На Муареми му истече мандатот – Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финансиската полиција и Обвинителството за гонење на организиран криминал останаа без своите клучни луѓе. Едниот поднесе оставка, а другиот беше суспендиран.

Но, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вели дека директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми не поднел оставка, туку му истекол мандатот.

А во однос на прашањето за суспендирањето на обвинителката Вилма Русковска, Маричиќ беше резервиран во својот одговор. Вели дека одговор треба да побараме од Јовески.

Вчера обвинителката Вилма Русковска беше суспендирана од функцијата од страна на јавниот обвинител Љубомир Јовески, а по некое време пристигна и веста за оставката на директорот на Управата за финансиска полиција, Муареми.

Русковска за ТВ24 потврди дека ќе се жали пред Советот на јавни обвинители.