Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс министерот за правда и за европски прашања, Бојан Маричиќ се огласи по повод вчерашниот пораз на СДСМ. Тој кажа дека во наследство на новата власт им остава подобр држава од онаа која ја затекнале.

„Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори.

Новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна.

Ние, како социјалдемократи, како прогресивни и принципиелни политичари, оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните. Ние како опозиција ќе бидеме постојано тука за потребите на развојот, да иницираме но и поддржиме тоа што им треба на граѓаните, да поддржиме европски реформи, да споделиме искуства, но и да критикуваме и да се бориме за демократија, слобода и социјална правда доколку новата власт се дрзне да се репризира себеси како во годините пред 2017.“, стои во објавата на Маричиќ.