Маричиќ: Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми за проверка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда Бојан Маричиќ, вечерва гостува во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“. Дебатираме на најразлични теми од областа на Маричиќ – правдата. Маричиќ кажа дека Владата нема намера да ги загрозува простоечките механизми за проверка на случаите.

„Целосно се согласувам со позицијата на Судскиот совет. Таму има 12 стручни лица кои имаат и одговорност за надгледување, наблудување за квалитето на пресудите, за судиите и судовите. Владата нема намера на било каков начин да ги загрозува постоечките механизми. Напротив, тие треба да се зајакнат за да не доаѓаме до вакви ситуации да има сомнежи кај политичките партии или кај јавноста, а имало“, рече Маричиќ.