Маричиќ во Анкара на средба со турскиот министер за правда Ѓул

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продлабочување на соработката во секторот правда, со фокус на дигитализацијата, било тема на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со турски колега Абдулхамит Ѓул во Анкара.

Како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ на Ѓул му го претставил планот за дигитализација на над 100 судови во земјата и пренел дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.

Во однос на размената на искуствата со Турција за дигитализацијата на судовите, за време на работната посета делегацијата на Министерството за правда предводена од Маричиќ ќе ја посети и Академијата за правосудство на Турција и Генералниот директорат за информатичка технологија.

Маричиќ на Ѓул му ги претставил реформите кои се преземаат со цел зајакнување на правната држава и длабоките реформи кои се спроведуваат во правосудството, а биле потврдени и традиционално добрите односи меѓу двете држави и двата народа.