Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, би освоила 70 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во 2027 година, во дуел со лидерот на левицата, Жан-Лик Меланшон, покажува анкетата на агенцијата „Harris Interactive“, спроведена за телевизијата М6 и радиото РТЛ.
Според истражувањето, спроведено по протестите и насилството на 17 октомври, Меланшон би се пласирал во вториот круг во сите испитани сценарија, но во него би претрпел убедлив пораз од Ле Пен.
Во првиот круг, Ле Пен би освоила меѓу 33 и 35 отсто од гласовите, додека Меланшон би добил меѓу 17 и 19 отсто. Поранешниот премиер Едуар Филип би освоил меѓу 13 и 16 отсто, а европратеникот и основач на партијата „Јавно место“, Рафаел Гликсман, би добил меѓу 12 и 14 отсто од гласовите.
