Маркетите вадат нови производи само да ја избегнат одлуката за ограничување на маржите – ДПИ најавува построги казни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски најавува строги казни за трговците, кои не ја почитуваат одлуката за намалување на маржите.

Трајковски потенцира дека трговците сакаат да ја избегнат одлуката, и поради тоа вадат нови производи.

„Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.