Масакр на природата – за 38 илјади хектари „оголени“ шумите во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Масакр на природата, вака университетскиот профеор на Шумарскиот Факултет Јане Ацевски ја опишува состојбата на шумите во Македонија.

Тој секојдневно прави обиколка на шумите и вели дека состојбата е катастрофална. Во Македонија постојат две форми на уништување на шумите а тоа е бесправната сеча која начесто е изговор поради сиромаштијата и се прави за опстанок.  А, втората е нелегалната сеча спроведена од организирани криминални групи во соработка со надлежните институции.

„Веќе за мене е касно да почне да се реагира, меѓутоа подобро било кога отколку никогаш. Треба институциите да превземат широка акција во која што на народот ќе му објаснат што е тоа вредноста на шумата. Оној материалниот момент за кои сите се вадат „ние крадеме ни требаат пари“ на сите ни требаат пари па не крадеме“, истакна Јане Ацевски.

Инаку во Македонија над 300 шумски чувари се обидуваат да ги заштитат од нелегална сеча шумите. На Скоспка Црна Гора има само четири. Работат со минимални услови и плати. Директорката на Нацијонални шуми Јулијана Николова вели дека ќе се заложи за подобрување на условите на чуварите на шума.  

„Мораме да је подигнеме улогата на шумочуварската служба бидејќи знаеме со мали ингеренции и со лоши услови за работа не можат да се борат против нешто што е добро организирано и поголемо од самата служба внатре.  Затоа ќе инссистирам во соработка со Владата и со останатите институции да се обезбеди непречена работа и подобри услови за луѓето кои што работат на терен“, посочи Јулијана Николова.

Како предлог на ставање крај на нелегалната сеча Николопвска ја гледа во поставување на камери на влезовите кон шумите.

„Наша идеа е тие патишта излезот мора да биде покриен со камери но исто така и складовите. За да имаме една претстава влезот и излезот на дрвната маса, како од нашите складови така и од приватните складови. Мислам дека на овој начин значително ќе се подобрат работите“, додава Јулијана Николова.

Шумите се на удар од организирани дрвокрадци поради дупки во законите, институционална и вонинституционална корупција, неказнивост и слаби капацитети на шумската полиција и шумочуварите.

„Веќе ќе почнат да се појавуваат се повеќе ерозивни површини, ќе се изгуби многу површина на шумата, ерозијата ќе направи штета на урбаните средини, на земјоделските површини, на квалитетот и на колиќината на водата и ќе го загрози животот на луѓето“, вели Јане Ацевски.

Од 2001 година до 2019 година од нелегалната и прекумерна сеча на дрвата според интернет алатката на „Глобал форест воч“ над 38 илјади хектари шума се уништени во Македонија.