На северот на Мексико дошло до пукање во кое девет лица загинаа, а пет се повредени откако напаѓачите отвориле оган на штанд за храна. Престрелката се случила во градот Апасео дел Гранде во државата Гуанахуато.
Напаѓачите прво пукале во вработените, а потоа и кон другите лица во близина. По нападот напаѓачите побегнале. На местото на настанот се испратени голем број полицајци и започната е масовна акција за апсење на напаѓачите.
Локалните медиуми јавуваат дека во престрелката е убиен болничар.
Градовите Апасео ел Гранде и Апасео ел Алто се познати од масовни престрелки во последниве години поврзани со завојуваните нарко картели.
Картелот Халиско и локалната банда Санта Роса де Лима со години се борат за територија, а Гуанахуато, индустриски и земјоделски центар, со години има најголем број убиства во Мексико.
