Масовниот убиец од Србија: Виновен сум, знам што ме чека, јас сум мртов човек

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Мојата судбина е во вашите раце. Сакам најстрога казна, виновен сум за злосторството кое го сторив“, порача Урош Блажиќ, масовниот убиец од Младеновац на денешното судење во Белград.

Тој во масовно пукање уби девет лица, а 12 ги рани. Рече дека ниту самиот не може да ги разбере злосторствата.

„Сите тука сте во право. Ви благодарам што сте така благи кон мене, заслужив потешки зборови и осуда. Барав мотив, но не постои мотив кога ќе настрадаат толку луѓе. Целиот живот глумев жртва и барав жртва од себе, се замислував дека сите ме мразат. Одбивав да признаам вина, жал ми е што тоа веднаш не го кажав. Сакам за изразам најдлабоко сочувство до сите“, рече Блажиќ пред судот.

„Знам што ме чека. Јас сум мртов човек“.

Освен на Урош, му се суди и на неговиот татко Радиша.