Пандемијата со Ковид 19 и онлајн наставата влијаеја негативно на матурантите Албанци, со оглед на тоа што најслаби резултати се постигнати токму од предметот албански јазик. Односно,средната оцена е 3,59, додека во 2019 била 3,85. Воопшто, матурантите најслаби резултати покажале за странските јазици, англиски, француски и германски, известија денеска од државниот испитен центар. Според заменик директорот на Центарот, Дритан Имери ова е поради тоа што странските јазици потешко се изучуваат онлајн.
„Странските јазици се учат малку потешко онлајн, на компјутер. Затоа мислам дека резултатите се послаби бидејќи се странски јазици и без физичко присуство учениците имаат повеќе пропусти. Ние сме задоволни иако резултатите се малку послаби.“, вели Дритан Имери.
Директорката за Центарот Елизабета Наумовска вели дека средната оцена од државната матура е повисока за разлика од 2019.
Резултатите од државниот матурски испит ќе се објават на веб страницата и во објектите на средните училишта. Незадоволните матуранти од постигнатиот резултат можат да поднесат жалба до среда но за тоа ќе треба да платат 1500 денари за една жалба.
