Непознат маж се заканува дека ќе активира бомба во бизнис центарот „Леонардо“ во центарот на Киев.
Полицијата во моментов преговара со него, напишал на својата Фејсбук страница заменик министерот за внатрешни работи, Антон Герашченко.
Според неговите наводи, околу пладне по локално време, полицијата се јавила кај претставничката на „Универзал банка“ која се наоѓа во трговскиот центар. Жената соопштила дека во филијалата влегол маж од 35 години во чиј ранец, како што самиот рекол, имало бомба.
Мажот потоа побарал да се повика полиција. Сите вработени во банката ја напуштиле просторијата, а по сопствена желба останал само раководителот на филијалата.
