Полицијата на Косово уапсила маж во Пеќ поради напад, односно за убиство во обид на полициски службеник. Лицето е осомничено дека се обидело најпрво со автомобил да удри во полицаец, кој одел на пешачки премин. Потоа откако полицаецот го избегнал ударот, осомничениот извадил пиштол и испукал два куршуми кон него.
Инцидентот се случил вчера околу 16 часот.
„Додека полицискиот службеник минувал низ пешачкиот премин, наишло возило со локални регистарски таблици кое се обидело да го удри полицаецот. Тој избегал, но осомничениот додека возел испукал куршуми од огнено оружје кон него“, се наведува во соопштението од полицијата.