Пратеникот Изет Меџити пред неколку дена ги повика Талат Џафери, Фатмир Бесими и Артан Груби, од митинг со Огнената група, да ги држат рацете што подалеку од казината. Тој рече дека се обидуваат тајно да го донесат законот за игрите на среќа.
„И јас од овде, од денес, односно во овој локален совет ќе ја искористат можноста Талат Џафери и Фатмир Бесими и особено Артан, да ги тргнат раце од казината, раце од законот за игри на среќа. Директен аларм до сега не видовме, евроамбасадорот јавно го кажува, не го злоупотребувајте европското знаме за да го скриете законот за коцкање, австрискиот амбасадор е уште подиректен, но Артан не слуша“, истакна Изет Меџити.
Во врска со ова вчера Талат Џафери и Груби одговорија. Џафери рече дека работат казината и обложувалниците да ги оддалечат од училиштата и џамиите. А Груби рече дека законот за дислоцирање на казината е во Собрание и треба да се гласа.
„На мене лично, на Артан Груби и на Фатмир Бесим ни побараа да ги тргнеме рацете од казината, од обложувалниците. Во името на сите тројца, можам да кажам дека не само што треба да ги држиме подалеку обложувалниците и казината, но работиме за да го ставиме во функција барањето на Албанците во Северна Македонија казината и обложувалниците да се дислоцираат а тоа е и ветување на ДУИ на претходните избори“, вели Талат Џафери.
„Претседателот на Парламентот ме потсети на Законот за игри на среќа, и за тие кои не разбрале… доставивме усвоен закон во Влада за да ги дислоцираме казината и обложувалниците 500 метра од училиштата и џамиите. Не излегувајте во заштита на казината и обложувалниците, туку изгласајте го законот, во Собрание го имате“, порача Артан Груби.
Предлог изметите на Законот за игри на среќа меѓу другото, предвидуваат нови и поригорозни услови за добивање на лиценци за организирање на игри на среќа, односно овие објекти ќе треба да бидат најмалку 500 метри далеку од училиштата.
Предлог законот за игри на среќа не го поддржува ниту ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, Движењето Антикоцкање упорно бара усвојување на овој закон, а од друга страна, Здружението на игри на среќа и обложувалниците бараа повлекување на овој предлог закон, со кој според нив ќе се ликвидира легалната индустрија и ќе се поттикне илегалниот бизнис со овие игри.
