Меџити: ДУИ може да функционира и без нас, но и без Груби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По јавното барање од „Огнената група“ и нивната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Изет Меџити рече дека продолжуваат со нивното барање кое го сметаат за демократско и во најдобар интерес на сите.

За изјавата на Ахмети, кој рече дека ДУИ може да функционира без Џафери, Беџети, Меџити изјави дека ДУИ може да функционира и без нив, но и без Артан Груби.

„Без нас е можно затоа што никој не е незаменлив, не само во ДУИ туку во кој било процес, така што е можно без Блерим, Изет и Муса, можеби без Артан, мислам дека ДУИ работеше и без Артан и работеше добро, успешно, победа по победа и сакаме да ја вратиме ДУИ како победник во албанскиот табор“, рече Меџити.