Првиот вицепремиер Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД, каде што учествува на 9-тиот состанок на министри посветен на Централна и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност, во интервју за Гласот на Америка зборуваше за заедничкото владеење со ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека новата Влада не носи хипотеки од минатото, туку како партнери се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.
На прашањето за уставните измени, како ќе ја убедат ВМРО-ДПМНЕ за деблокирање на евроинтегративниот пат, Меџити рече дека нема потреба, бидејќи според него ВРЕДИ и ДПМНЕ имаат заеднички цели во оваа насока.
Во текот на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер, Меџити ќе се сретне со претставници на државите учесници на Конференцијата на Атлантскиот совет оваа година.
