Меџити, „огнениот“ кој на ДУИ и го грабна Чаир – Вреди освои над 13,500 гласа, Европскиот фронт, 11.032

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се започна со незадоволството во ДУИ.

Група Интегративци која подоцна ќе се вика Огнена група, имаше критики за работата на министрите од нивната партија.

„Дури има и име, Огнена група, што излезе во јавност“.

„Не знам“.

„Јас така слушнав, му се смее…“

Тие кои беа најгласни беа Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта и Изет Меџити.

„Ќе гласам за оваа влада со лични забелешки за извршниот дел. Тоа е внатрешна дебата во ДУИ“, порача Изет Меџити.

По неколку месеци внатрепартиска дебата, несогласувања и обвинувања од дистанца, и патиштата на Огнената група се поделија. Џафери, Беџети и Бејта останаа со ДУИ, додека единствен кој патот го продолжи сам со неколку сопартијци беше Изет Меџити, кој формираше партија Демократско движење.

„Ние одлучивме да не се враќаме дома туку да направиме ново политичко движење, ново демократско движење, апелирајќи до сите интелектуалци, до сите оние кои сакаат да придонесат, до сите оние кои бараат глас и сакаат да им служат на граѓаните, во интерес на граѓаните, имаат отворена врата во новото демократско движење“, вели Изет Меџити.

После тоа дојдоа и првите сигнали за опозициска соработка. Изјави дека имаат комуникација дојдоа и од Движењето Беса и од Алтернатива. Потоа тие ја формираа таканаречената ЕСП Коалиција, Европскиот сојуз за промени, која беше преименувана во ВРЕДИ кога Таравари се приклучи со некои членови на партијата АА, која исто така се подели на два дела. Така влегоа во трката на овие парламентарни избори и со овој состав успеаја да го освојат Чаир, едно од упориштата на ДУИ со години!

Чаир е поделен меѓу изборната зона 1 и 2. Во двата дела, ВРЕДИ доби повеќе пратеници од Европскиот фронт.