Меџити: Остваривме ветување кое никој не мислеше дека ќе го реализираме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прес-конференцијата по првите 100 дена од новата влада, вицепремиерот Изет Меџити истакна дека борбата против коцкањето е едно од клучните предизборни ветувања.

Тој посочи дека коцкањето во последните години се претворило во сериозен проблем за општеството, со илјадници сограѓани кои доживеале значителни финансиски, семејни, морални и економски штети.

„Илјадници наши луѓе заминаа и побегнаа во странство. Претходната власт го донесе коцкањето на секоја улица, секое маало, пред секое училиште и пред секое игралиште. На крајот, тие сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца. Го прекинавме ова. Им ги укинавме незаконските лиценци на три интернет коцкарски компании. Ги отстранивме од веб-страниците кои легално или незаконски организираа коцкање. Исполнивме ветување кое никој не мислеше дека ќе го исполниме“, рече Меџити.