Меџити: Порано имаше политички убиства, монтирани случаи и низа афери, денес нема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изет Меџити од ВЛЕН изјави дека во минатото земјата се соочувала со сериозни политички и правни неправилности, додека денес, според него, таквите појави се надминати.

По прашање на модераторот околу критиките од опозицијата дека се деградира сè што е постигнато во последните две децении, Меџити порача дека прашањето за легитимитет, кое претходно било честа тема, сега е занемарено поради резултатите од локалните избори.

„Претходно ја имаа темата за легитимитет, но по локалните избори ја заборавија, бидејќи сега не им одговара – ВЛЕН има 10 општини, додека ДУИ има 3 рурални општини. Друга теза е деградацијата на албанското прашање, и јас ги повикувам споредбите да се прават меѓу ВЛЕН и ВМРО, односно ВЛЕН со Мицкоски и ДУИ со Груевски, бидејќи бројките биле слични за да може да се споредува сегашноста со минатото. Тогаш имаше мораториум на албанското прашање, денес нема. Тогаш имаше политички убиства и монтирани случаи, денес нема ниту едното ниту другото. Тогаш имаше низа корупциски афери, дури и во вредност од милијарди евра, додека денес нема ниту една корупциска афера“, рече Меџити.