Меџити повторно го повика Таравари: Слушајте го гласот на електоратот, придружете се на опозицијата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Али Ахмети и ДУИ се способни да дадат се само за да опстанат политички. Ова беа зборовите на првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити, запрашан за последните шпекулации дека на шефот на АА, Арбен Таравари му е понудена функцијата технички премиер. Според Меџити, оваа понуда не била изненадувачка со оглед на, како што вели, обидите за враќање на Груевски во Македонија.

-На ова не гледам поинаку, каде господинот Ахмети и ДУИ се способни да дадат се само за да опстанат политички. Кога можат да соработуваат и да гледаат надеж во Груевски, воопшто не ме чудат овие други политички акробации-вели Меџити.

А, зборувајќи за Алијансата за Албанците, Меџити го повика Таравари да го слуша гласот на гласачкото тело кое според него е против ДУИ и е за приклучување кон албанската опозиција.

-Тие се дел од Владата, но мислам дека електоратот на Алијанса за Албанците е опозицицки, тоа беше покренато со антивладиниот наратив. Последниот изговор беше дека влегле во Владата да направат уставни измени. Уставни измени не се случуваат, но во неговиот ресор се менува кривичниот законик со што им се простија делата на Никола Груевски, Мијалков и други. Мислам дека тоа не е желба на електоратот на АА. Што побрзо го сфатат ова, има простор во албанската опозиција да ја направи долгоочекуваната промена кај Албанците во Македонија“, вели Меџити.

Но, од Алијанса за Албанците досега едногласно потврдија дека на избори ќе одат сами, а не во некоја прелиминарна коалиција.

Ова е одлучено дури и во централното претседателство на АА, одлука која ја потврди и министерот Кренар Лога од редовите на АА.

-Алијанса се подготвува сама да оди на следните парламентарни избори, а ова е одлука на централното раководство на партијата-рече Лога.

Инаку, според она што го инсистира европскиот фронт, следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, поточно одвоено од претседателските.