Меџити во Клик Плус: Села има само тројца пратеници, нека се договорат кој ја претставува опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изет Меџити во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека Зијадин Села има само тројца пратеници и тие можат да се договорат кој ќе ја претставува опозицијата.

Господинот Арбен Таравари рече дека Зијадин Села е лидер на опозицијата, но веднаш следеше реакција од Движење Беса дека тие се претставници на албанската опозиција.

„Доколку мериме според перформансите, останува да се докаже дали Зијадин Села е претставник на опозицијата бидејќи во Собрание има двајца, тројца пратеници што е минорно во споредба со застапеноста во републичкиот парламент“.