Меѓу сиромаштија и нарушено здравје – семејството Мичиќ од Куманово ризикува да остане без покрив над глава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е Призренка Мичиќ. Нејзиното секојдневие се сведува на борба за преживување. Има проблеми со здравјето, но немаштијата уште повеќе ја отежнува нејзината состојба. Таа се грижи за нејзините три деца. Куќата во која живее ова семејство не ги исполнува ниту основните услови за живот. Некогаш куќата била во државна сопственост, но сега е продадена, па поради тоа семејството ризикува да остане без кров над глава.

Единствени примања на семејството Мичиќ е социјалната помош, а поголемиот дел од парите ги трошат за лекови. Не ретко се случувало, во недостиг на финансии, да останат и без леб…

И покрај нејзината здравствена состојба, Призренка се обидела да најде работа, но досега, како што раскажува, не добила ниту еден позитивен одговор.

Растргнати меѓу сиромаштијата и болеста, семејството се надева дека еден ден во блиска иднина ќе видат светло на крајот од тунелот.

(За сите оние кои сакаат да му помогнат на ова семејство, тоа можат да го сторат на телефонскиот број 071 311 316 и на жиро сметката 320500028475883).