Меѓународен ден на Бошњаците, Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, им го честиташе празникот на сите припадници на бошњачката заедница во земјава.

„Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава“, напиша денеска премиерот во објава на Фејсбук.

Во објавата се вели дека Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на Македонија.

„Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба“, порача премиерот во честитката.