Меѓународен ден за лицата со посебни потреби – Шакири: Ова е празничен ден за нас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се подготвуваат да го одбележат Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Преку разни донации, Здружението „СОС-Вита“, успеа да купи и подари 16 колички за овие лица. Ертан Шакири вели дека овој ден за лицата со посебни потреби е празничен ден и треба да му се радуваат како и на сите други празници.

-Можете да го видите нашиот придонес со уште тројца од Здружението кои се со посебни потреби. Денеска успеавме да го направиме ова и им покажавме на луѓето дека и ние сме луѓе. Сѐ се постигнува, но само со волја. Ако имаш волја и желба ќе ја постигнеш целта. Секому утре може да му се случи несреќа како нашата, никој не знае што нѐ чека утре…-рече Шакири.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, го посети училиштето за деца со посебни потреби „Златан Сремец“. Таа рече дека за првпат овие ученици ќе имаат образовен асистент финансиран од државата, со цел да се задоволат нивните потреби.

Директорката на училиштето, Марија Делетиќ рече дека се ангажирани за да им даде поддршка не само на учениците со посебни потреби, туку и на нивните семејства. Но, се пожали на недостиг на финансиски средства.

Според Светската здравствена организација, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некаков вид хендикеп. Најголемите проблеми на овие луѓе се однесуваат на здравјето, помалите економски можности, образованието и пониски академиски достигнувања, а причина за ова се токму бариерите со кои се соочуваат во нивното секојдневие.