Меѓународна потерница за 5-те нарко-босови доколку не бидат пронајдени, рече Русковска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во големата акција која вчера рано наутро ја започна полицијата во координација со одделението за гонење на организиран криминал и корупција, уапсени се над 20 лица, а 5 се недостапни за органите на прогонот.

На прашање на ТВ21, обвинителката Вилма Русковска рече дека доколку не бидат достапни ќе побараат притвор а потоа и распишување на меѓународна потерница.

„Ние ќе побараме од МВР да не извести дали лицата се достапни, доколку не се ќе побараме од судот да биде изречена мерка притвор, а потоа и распишување на меѓународна потерница“, рече Вилма Русковска – јавен обвинител во одделението за гонење на организиран криминал и корупција.