Меѓународниот ден на децата одбележан во Тетово, се бараат повеќе игралишта за да се оддалечат децата од технологијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Плоштад Илирија во Тетово денеска ечеше од гласот на децата.
Со разни актиности и забавни игри, се обележа први јуни, Меѓународниот ден на децата, каде имаше различни програми и работилници, за уметност, за знаење, музика и креатиност.

Сакавме да играме, да цртаме по лицето, сакаме да има повеќе лего коцки, да ги цртаме лицата и повеќе да играме.

Сакаме повеќе луѓе, повеќе деца, се забавувавме, убаво поминавме, би сакале да има повеќе деца, игри и се.

За ваквата организација се погрижи здружението „За доброто на Тетово“ каде Елмедина Абдулаи, истакна дека има недостиг на вакви активности кои имаат за цел да ги оддалечат децата од технологијата.

Имаме голем недостиг на вакви активности и знаете дека живееме во ерата на технологијата и овие деца треба да ги држиме далеку од технологијата, затоа ние одлучивме да испратиме порака дека градот има поголем потреба од паркови за деца, игралишта и преку активности децата во текот на викендот да можат да излезат на чист воздух и да се дружат.
Меѓународниот ден на децата 1 јуни потекнува од САД и Кина. Во 1925 година, кинескиот генерален конзул во Сан Франциско собра значителен број кинески сираци на фестивалот „Бродот на змејот“, на истиот ден на конференцијата за оваа цел. 1-ви јуни почна да се слави 2 години подоцна. Многу земји во светот го прифатија како меѓународен празник на децата и организираат прослави кои имаат за цел да го зголемат вниманието кон нивната благосостојба! – вели Елмедина Абдулаи, активист.