„ВЛЕН е фактор што може да направи разлика“, изјави аналитичарот Ибрахим Мехмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, додавајќи дека сè зависи од начинот на кој ќе дејствуваат и ќе се организираат.
Според него, формирањето на ВЛЕН не е мал чекор ако се имаат предвид егото и интересите на албанските лидери генерално.
Мехмети рече дека, и покрај сè, постојат незадоволства кај одредени поединци, нагласувајќи дека имало луѓе кои биле вклучени во структурите, но сега не се дел од субјектот.
„Може да се види, уште од вчера, дека има луѓе кои почнуваат да се чувствуваат непријатно затоа што инвестирале и работеле за формирање на една партија, за создавање ограноци, а сега остануваат надвор бидејќи не може од пет партии сите да се соберат во претседателството. Тоа е предизвикот – како ќе функционираат. Од оваа гледна точка мислам дека ќе биде интересен експеримент. Ако ВЛЕН успее да опстане обединет до следните избори, тоа ќе биде сигнал и за другите партии“, изјави Мехмети.
