„Мекдоналдс“ вложува во нов дизајн на рестораните и подобар вкус на храната и пијалоците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ денеска на презентацијата за инвеститорите ќе ги претстави претходно најавените планови за нов дизајн на рестораните, како и за подобрување на вкусот на храната и пијалоците, врз основа на иновации предложени и од потрошувачите.

На презентацијата за инвеститорите, која ќе се одржи во седиштето на компанијата во Чикаго, „Мекдоналдс“ ќе ги претстави новитетите со кои има цел да привлече повеќе гости во период кога компанијата очекува инфлацијата и стагнацијата на прометот во рестораните да продолжат.

Тоа го изјави извршниот директор на компанијата, Крис Кемпчински, за Си-Ен-Би-Си.

Клучен дел од стратегијата е реновирањето на рестораните, кое „Мекдоналдс“ на корисниците на франшизите вообичаено им го наложува приближно еднаш на секои десет години.

Новиот дизајн предвидува обновени простори за гостите, а посетителите ќе можат да видат и како се подготвуваат нивните пијалоци од „МекКафе“.

Целта на промените е да се подобри искуството на гостите и да се привлечат повеќе потрошувачи во рестораните, во услови на притисок врз потрошувачката и зголемени трошоци.