Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерките се определени по предлог на Основното јавно обвинителство.
Наставникот, според претходни информации од МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно пристигнала пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи.
„На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.
