Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа барањето за забрана на социјалните медиуми за лица под 14 години, како што побара неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), беше објавено денес.
„Во ситуација кога 14-годишни деца поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целосната социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие деца покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц во политички поткаст.
Мерц рече дека, иако генерално е против забраните, „има симпатии“ за предлогот на помалиот партнер во коалициската влада, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која во последните денови поднесе барање за строга регулација на користењето на социјалните мрежи од страна на младите луѓе со целосна забрана за лицата под 14 години.
„Прашањето како да се заштитат децата на возраст кога тие пред сè мора да имаат време да играат, да учат и да се концентрираат на училиште мора да биде во преден план“, рече Мерц.
