Мета се огласи по инцидентот во Велипоја: Плажите и туристичките центри не заслужуваат да личат на Див Запад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По инцидентот ноќеска во Велипоја, во кој беа убиени четири лица, и двајца повредени, се огласи претседателот на Албанија, Илир Мета кој што ги повика државните органи да извршат целосна истрага на случајот.

„Судирот со огнено оружје во Велипоја со 4 жртви и 2 повредени е уште еден шокантен настап за кој е потребна целосна истрага за околностите и причините.

Долго време ги повикував полицијата и другите структури за безбедност за спроведување на законите, и да направат се да ја држат под надзор територијата на земјата, со цел да се спречат вакви сериозни кривични дела.

Конфликтите со огнено оружје кои се случуваат на јавни места и во текот на туристичка сезона, ги загрозуваат животите и здравјето на десетици граѓани, а ја нарушуваат и сликата за Албанија на домашните и странските туристи.

Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад.

Оваа ситуација која излезе од контрола, и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги превземе своите должности и да се откаже од циничната пропаганда, која може да ги покрие вистините која сите ја гледаме.

Јавниот ред и мир се сериозно нарушени и бараат нови ефективни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните“, соопшти Мета.