Мета со апел до граѓаните за активно учество на изборите – „Гласајте за кандидатите за кои мислите дека ќе ви ги дадат најдобрите решенија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На дваесетина дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 25 април, албанскиот претседател, Илир Мета упати апел до граѓаните активно да учествуваат на истите и да гласаат за кандидати за кои сметаат дека најдобро можат да ги решат нивните проблеми.

-Во овие денови пред изборите на 25 април, ве повикувам сите, според убедувањата, да земете активно учество, да не дозволите никој да го повреди вашето право на глас, слободно и достоинствено. Свесно изберете ги своите најдобри синови и ќерки. Гласајте за оние кандидати за кои мислите дека ќе ви дадат најдобри решенија за вашите проблеми и да ја направите Круја и цела Албанија посакувано место за живеење за вас, за младите, вашите деца, но и најпосетувано место од сите Албанци и туристи во иднина, порача Мета од градот Круја.

Тој исто така нагласи дека е важно Албанија да се интегрира во Европа и да го зајакне својот национален идентитет.

-Ви благодарам за целиот придонес во зачувувањето на традициите затоа што е многу важно да го зајакнеме нашиот национален идентитет и да се интегрираме во Европа како Албанци, додаде Мета.

Во градот Круја,каде се наоѓа и кулата на националниот херој Скендербег, како и други вредни знаменитости, Мета престојуваше на свеченост на која на неколку личности од уметноста, културата и промовирање на традицијата во Круја им додели посебни признанија.