
Долгогодишниот новинар на СДК.МК, Горан Михајловски во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 вели дека секој министер си свој фоторепортер и свој човек кој му зема изјава, и тоа е нешто што го нервира најмногу.
„Тоа придонесува ние да се чувствуваме дека сме многу битни во нашата средина, ние сме најбитни во нашето село, но кога ќе излеземе сфаќаме дека воопшто не сме важни“, вели Михајловски.
