Милан Мариќ открива: Морав да научам да пејам поради филмот „Тома“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Милан Мариќ ја одбележа 2021 година со неговата улога во популарниот филм „Тома“, кој македонската јавност можеше да го погледне вчера на МРТВ.

Мариќ во интервју за српски медиум открива дека морал да научи да пее баш поради улогата на легендарниот пејач.

„Не сум навикнат да пеам и никогаш не сум го правел тоа пред овој филм. Имав малку страв како ќе се справам. Жељко Јоксимовиќ многу ми помогна со совети, па навистина пеев во сите сцени, не блефирав! Подоцна во монтажата се вклучи и гласот на Ацо Пејовиќ, кој тоа го направи феноменално“, посочи Мариќ.

На прашањето што било најпредизвикувачкото нешто во градењето на ликот на Томо Здравковиќ, Мариќ вели дека целата улога била предизвик.

„Пред тоа играв најмногу улоги на опасни момци. Прво во „Државен службеник“ каде глумам агент на БИА, а потоа криминалец во „Беса“. Во „Тома“ требаше да прикажам човек кој е полн со емоции, кој се бори со себе и кој е делумно деструктивен. Беше предизвик да се прифати таа улога. Имаше многу такви сцени. Не се гледам себеси како тврд човек. Другите ме гледаат така затоа што тоа е мојата маска, само јас знам како се чувствувам… Затоа и не ми беше чудно да плачам на снимање“, посочи Мариќ.

Тој додава и дека никогаш не прави планови за тоа кого ќе го глуми, тоа сепак им го остава на други луѓе да го одлучат.

Мариќ за соработката со Тамара Драгичевиќ, која во филмот ја игра Силвана, вели дека се познава уште од младинскиот театар „Дадов“ и дека многу добро ја изиграла таа улога.