Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски денеска, пред мечит со Лихтенштајн, порача дека ќе ги стартуваме квалификациите, за пласман на Светското пренството 2026, успешно само ако бидеме на нашиот максимум.
„Би било добро да ги стартуваме овие квалификации со победа, но може да се надеваме на такво нешто, само и само ако бидеме на нашиот максимум. За Лихтенштајн, секој тренер има своја визија, има добра работа нивниот селектор. Верувам дека ќе имаме максимален пристап на утрешниот натпревар“, изјави Милевски.
Како што вели, го знае составот за утрешниот меч.
„Првиот план ни пропадна, со оглед дека се појавија повредени играчи. Го имам составот во глава, знам кои 11 ќе истрчаат утре на теренот протов Лихтенштајн“, рече Миелевски.
