Милионски заработки, минимални плати, дали се искористуваат вработените во маркетите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од листата на остварувања и заработка на супермаркетите, тоа што најмногу паѓа во очи е огромната заработка на синџирот маркети „Веро“. Тие имаат влез од 86,7 милиони евра, додека профит од 10,3 милиони евра. Овие бројки ги посочи и Министерот за економија Кречник Бектеши во емисијата Клик Плус, потенцирајќи дека синџири на маркети со големи заработки се жалат на мерките на владата за зголемувањето на платите.


КРЕШНИК БЕКТЕШИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА
ФАТМИР АЛИУ, НОВИНАР ТВ21

„Еден супермаркет на вашата листа, сум рекол и претходно ќе го повторам и сега, нема повеќе од 10 маркети на територијата на Македонија. Има заработка од 10 милиони евра“.

  • Заработка или обрт?
  • Заработка! Нема повеќе од 10 објекти, нека има и 15!
  • Како го реализираат ова…?
  • Тоа му доаѓа дека…
  • Да се прави бизнис е наука само по себе…
  • Тоа е друга работа.
  • Дали искористија од субвенциите на државата?
  • ….но да се жалиш дека се зголемува минималната плата со одлука на владата“.
    Покрај ова, тоа што го потенцираше првиот човек на македонската економија е и искористувањето на вработените во маркетите кои според Бектеши, 99% од вработените се платени со минимална плата.
    00,32 = „Базирајќи се на тие податоци, во повеќе наврати сум рекол дека вработените во овие синџири на маркети не треба да се експлоатираат до максимум.
  • Но, што сте направиле, ако веќе сте рекле? Дали некој од супермаркетите е казнет?
  • Многу! Многу супермаркети..
  • Колку многу? 700 милиони обрт, колку сте ги казниле, 1-2 илјади евра, 2о илјади евра…
  • Не, има маркети што се казнети со над 100 илјади евра…
  • Но, колку е вкупната вредност на казните во споредба со направениот обрт?
  • …во непочитувањето на мерките на владата и неколку од супермаркетите кои се казнети се на таа листата што ја објавивте вие.
    ТВ21 побара одговор од синџирот на маркети „Веро“ во врска со иајавите на Министерот и дали во оваа компанија над 90% од вработените се плаќаат со минимална плата, но одговор не добивме.
    Според податоците од Централниот регистар, по „Веро“ најголем профит има синџирот маркети „КАМ“ со 5,1 милиони евра, а кои имаат влез од 187 милиони. Следи „КИпер“ кој во 2021 година излезе со заработка од 4,8 милиони додека имале влез од 100 милиони евра. Потоа следат синџирите маркети на Стокомак, Тинекс, Кит-Го и Жито.https://youtu.be/n_aAA9-76gk