Марија Милкова од Центарот за управување со кризи посочи дека во моментов не се знае точната бројка на пожари низ земјава.
Таа додава дека тие ќе се гасат по приоритет
„Не можеме да кажеме колку е точната бројка на пожари, од минута во минута бројот се зголемува. Ако едни се локализираат на други места избувнуваат. Од таа причина и денеска е прогласена кризната состојба на територијата на државата“, додава Милкова.
