Милошoски му пренел на Османи: Ако се појавиш на комисија ќе ги прекинеме протестите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, му пренел на Министерот за надворешни работи Бујар Османи дека доколку се појави на Комисијата и реферира за патоказот со Бугарија, тие ќе ги прекинат протестите, дознава ТВ21.

Претходно, Милошовски најави дека за утре во 15 часот ќе закаже седница и ќе го повика Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за којшто премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски го преговараат со Софија.

Османи најави дека ќе ги вложи сите напори утре да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците. Но, истовремено му порача на Милошоски дека очекува со иста ревносност да закаже седница и за избраните амбасадори.

Инаку Османи е во посета на Братислава каде што ќе ја отвори новата Амбасада на Северна Македонија.