Под името „Отворен Балкан“ Македонија, Албанија и Србија заеднички ќе работат за да нема чекање на границите, а кој сака може и да се придружи на оваа иницијатива која претходно беше нарекувана „Мини Шенген“.
Со цел да се олесни трговијата, движењето на граѓаните и развојот на економијата на форумот беа потпишани три меморандуми.

Дводневната посета на Рама и Вучиќ во Скопје на Економскиот форум отвора нови перспективи за граѓаните, сите се согласија дека наместо ѕидови денеска трите земји изградија мостови.
Иницијативата е отворена и за нови земји членки, а наесен договорија и нови средби, првата во Белград, а потоа и во Тирана. Отворен Балкан ќе значи работа по принципот на земјите членки на Европската унија.
