Највисока е платата на премиерот Зоран Заев 87.813,00 денари во Владата , а најниска на министерот за Информатичко општество Јетон Шаќири, 65.292 денари. Основицата на сите министри им е 64.970, а на премиерот 78.840 денари на што е додаден минат труд и стаж. Ова е висината на нето платата исплатена за месец декември 2020 година. На министерот за внатрешни работи му е зголемена платата за 20% или 14.879 денари за извршување на функцијата.
Просечната плата пак во земјава во ноември 2020-та година изнесувала 27 588 според Државниот завод за статистика. Потрошувачката кошничка изнесувала 33.074 денари.
Според податоци објавени од Државниот завод за статистика, највисока нето плата во Македонија, земале оние кои работат во секторите компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 66.896 денари. Зад нив се правни и сметководствени дејности со плата од 59.124 денари, лекарите 58.991 денари, воздухопловен транспорт со 54.827 денари, телекомуникации со 48.450 денари, професорите 40 000 денари. Во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати платите се 43.982 денари. Наспроти тоа најмали плати, статистика регистрира во секторот рибарството и аквакултурата. Најслабо платени се вработените во индустријата за производство на кожа со 17.078, луѓето кои работат на одржување на згради/животна средина/природа со 19.707 и луѓето вработени во производство на мебел со 19.982 денари.
