Министер на Црна Гора имал сообраќајка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ.

Ѓека е префрлен за помош во Итната помош во Улцињ.

Според полицијата, тој управувал службено возило кога налетал на автомобил со странски регистарски таблички.

Според изјавите на очевидци, министерот наводно ја престигнувал колоната возила.