За овој случај беше прашана и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која рече дека освен во Челопек, вакви слуачи имало и во Чаир, Тетово и Струга.
Додаде дека Државниот просветен инспекторат ќе ги истражува сите случаи. Запрашана за реакцијата од ДУИ, кои велат дека сличен случај имало и во општина Аеродром, каде учениците биле облечени како комити, Јаневска рече дека комитетите се дел од историјата на државата и додаде дека воспитувачката на таа градинка е отпуштена од работа и се уште е на суд.