Министерот Нуредини во самоизолација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Министерот за животна средина Насер Нуредини преку својот Фејсбук профил информираше дека поради претпазливост од вчера изутрина се наоѓа во самоизолација.

Тој додава дека бил информиран дека лице со кое имал работна средба во вторникот добило позитивен резултат за коронавирус.

„Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за КОВИД19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот. Се тестирав вчера изутрина и со цел да не го ризикувам здравјето и благосостојбата на останатите останав дома оттогаш. Резултатот од тестот е негативен, но во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома.Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас!“, пишува Нуредини.