Министерот Сали бара Косово да ја преразгледа одлуката, разговарал со неговиот колега Љатифи, можна средба од понеделник?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заострувањето на мерките за влез во Косово беше причина министерот за здравство Беким Сали да оствари разговор со неговиот косовски колега, Рифат Љатифи со барање за повторно разгледување на воведената мерка. Сали за  ТВ21   вели дека не можел да го убеди Љатифи за укинување на  мерките, бидејќи како што рече, тие  се донесени    согласно епидемиолошката состојба таму и истите Сали ги оправдува.

„На колегата Љатифи му ја пренесов загриженоста на граѓаните на РСМ кои имаат роднини, бизниси и други обврски кои ги поврзуваат со Косово, а кои поради оваа мерка се значително ограничени, констатирајќи заедно дека состојбата со пандемијата во нашите земји е речиси иста, со разбирање побарав да се разгледа повторно оваа  одлука и да изнајдат можност  за заштита на здравјето на граѓаните на двете  земји но и да се спречи нивно слободно движење.“, рече Сали.

Сали рече дека во т екот на неделата ќе се сретне  со Љатифи. Реакција преку Фејсбук имаше и заменик министерот за здравство, Илир Хасани. Тој смета дека состојбата со вирусот е слична во Косово и Македонија, затоа не гледа причина  за условите кои ги наметнува нашиот сосед.

„Ограничувањето на движењето  меѓу Косово и Македонија епидемиолошки не е отежната во моментов.  Епидемиолошката состојба таму  е горе долу иста. Не можам да ја разберам оваа постапка на министерот  Љатифи, кого од што брани? Со голема тешкотија  и едвај ги отворивме границите, по првите ограничувања кои беа воведени на почетокот  на пандемијата.“, напиша Хасани.

Инаку од вчера во Косово може да се патува само со примени 3 дози анти ковид вакцина или со две дози и негативен тест не  постар од 48 часа. Во Косово денеска се регистрирани 2957 случаи од 11.913 тестирања. Министерот  за здравство на Косово инсистира секој граѓанин да прими и трета доза.