Министерот Тупанчевски без коментар – „Ласкарци“ и „Алфа“ заглавија низ органите на правдата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемите судски случаи, скоро сите, се заглавени во некој од судовите во државата. За случајот „Ласкарци“ каде животот го загубија 16 лица, помина една година од последното рочиште и оттогаш ништо не е сменето. Иван Џолев, поранешен претседател на Кривичниот суд, признава дека има застој во овој случај, но вели дека вината не е во судот.

„Алфа“ е уште еден судски случај за кој се чека  повеќе од една и пол година за  одлука по барањето на членовите на семејството за повторно судење , но случајот талка од Апелациониот суд до Кривичниот суд веќе една година.

На прашањето  за коментар за доцнењето на судските предмети, првиот човек на правдата, Никола Тупанчевски, додаде дека не сака да коментира за судските предмети. Тој нагласи дека должност на министерството што го води е да им обезбеди на судовите добри услови за работа со што ќе се намали времето на чекање.

Дури и случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово никако да почне, бидејќи двете закажани седници се откажаа. Исто е и со случајот против компанијата „Беса транс“, каде што обвинението се однесува на лиценцата на „Беса транс“ и нејзина злоупотреба.