Министерот за здравство со поддршка за Владо Јовановски: „Ќе сториме се што можеме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По апелот на 40-годишиот Владо Јовановски од Скопје, кој се соочува со тешки животни предизвици откако во 2022 година бил нападнат од кучиња скитници во емисијата „И јас сум тука“ на ТВ21, министерот за здравство Арбен Таравари денеска го посети.

Последиците од нападот му го нарушиле здравјето, а сега му е потребна операција за да може да се движи барем со помош на патерици.

Министерот Арбен Таравари рече дека ќе направат се што можат, и дека како министерство за здравство ќе се потрудат за операцијата на Владо.

Јовановски апелираше до сите хумани луѓе да му помогнат да се соберат 2500 евра за неопходната операција, но и за трошоците за лекови, храна и основните животни потреби

Неговата мајка, Снежана, секојдневно води битка за да му ги обезбеди потребните лекови, да плати кирија, сметки и да обезбеди храна. Снежана, со солзи во очите, сподели дека не може да работи со полно работно време бидејќи Владо има потреба од постојана грижа 24 часа дневно.