Министри на партиски собири без маска и дистанца – каков пример им даваат на граѓаните, пред се на младите – учениците?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собири на граѓани, без дистанца и без маски. Вака веќе неколку дена откако почнаа  партиските митинзи.  Од друга страна, учениците во основните и средни училишта се трудат да ги почитуваат сите мерки против Ковид 19 со носење маска и држење дистанца цело време додека се на настава. На овие митинзи видена беше и министерката за образование Мила Царовска. Денеска ја прашавме  каков пример им дава на учениците на ваквите митинзи, таа одговори.

За учениците ќе има и дополнителна мерка за заштита од ковид 19. Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во следниот период ќе се тестираат учениците и од основните и од средните училишта.

Министерката Царовска рече дека е во постојана комуникација со министерот за здравство за тестирањето на учениците и сериозно ќе се проследува состојбата со Ковид 19. По една и пол година онлајн настава, учениците на 1 септември оваа година почнаа да следат настава со физичко присуство но со мерки против ковид 19.