Минусот во ПИОМ сепак отвори друга идеја! Мицкоски потврди, национализирање на вториот столб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има идеја во мојата партија за национализирање на вториот пензиски столб, потврди и премиерот Христијан Мицкоски, она што вчера го објави ТВ 21. Идејата прв ја изнесе директорот на Фондот за пензиско, Никола Мемов во емисијата „Бизнис 21“ како еден од можните начини како да се намали дефицитот во Фондот за пензиско.

-Отприлика едниот став е околу вториот пензиски столб да се примени концептот кој што беше применет во минатото Естонија, Полска, Унгарија и така натаму, односно национализирање и вториот е да си продолжиме вака. И едниот и другиот има и про и контра аргументи. Така што и до ден денеска постојат, не е ништо променето, но во овој момент не преземаме не носиме одлуки, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Дека има размислување за укинување на вториот пензиски столб во емисијата „Бизнис 21“ кажа и директорот на Фондот за пензиско, Мемов.

-Или да се зголеми или да се зголемат можностите да вториот столб да можат да инвестираат полесно, со тоа што ќе имаме прогресивен профит во делот на нивното работење. Можеби и треба да се размислува за зголемување на стапката на трансфер кон вториот столб за да се зголеми исто така сумата на буџетите со кои што тие би располагале за да функционираат, односно за да инвестираат. Или втората крајност е вториот столб во целост да се укине, изјави Никола Мемов, директор на фонд на ПИОМ.

За Дарко Саздов, пак член на советот на експерти на МАПАС, идејата за укинување на вториот столб ќе создаде уште поголеми.

Што значи за осигурениците дали им се скратуваат на некој начин правата со преминување со укинување на вториот столб? Се разбира. Видете сосема е различен начинот на функционирање. Овдека имате индивидуална сметка своја лична и овие пари се наследни, оваа сметка е лична на секој член. Задирате во сопственичката структура. Тоа е како секој финансиски инструмент. Тоа е како да затварате банкарски систем ги земате сите средства. Така е најлесно, банкарскиот систем да го затвориме и сите пари во буџетот да одат, изјави Дарко Саздов од МАПАС.

Мицкоски рече дека Владата нема да го прифати предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и зголемување на стапката на придонесите. Очекува дупката во Фондот за пензиско да се пополнува од буџетот уште 6-7 години, а потоа со исплатите од вториот столб, тој да се стабилизира.